Милосављев повторно помеѓу најдобрите во ЛШ (ВИДЕО)

Македонскиот шампион Вардар загуби на гостувањето во петтото коло од Лигата на шампиони (ЛШ) против Кјелце, но и покрај тоа голманот Дејан Милосављев се најде во изборот за најдобри интервенции.

Голманот на црвено-црните имаше фантастична одбрана против Артсем Каралек, кој имаше чиста позиција за гол, но не успеа во својата намера.

Петте најдобри интервенции од петтото коло во ЛШ може да ги погледнете ТУКА.