Милосављев го напушта Вардар и се сели во Германија!?

Македонскиот шампион Вардар се соочува со големи проблеми по одлуката за заминување на сопственикот Сергеј Самсоненко, па се очекува неколку ракометари да го напуштат тимот, а еден од нив најверојатно ќе биде и голманот Дејан Милосављев.

Германските медиуми пишуваат дека Фуксе Берлин ќе бара нов голман, откако од екипата ќе си замине Силвио Хајневетер, па токму поради тоа се споменуваат Милосављев и Андреас Волф како замени за него.

Наводно, прв избор за Фуксе би бил Волф, но доколку не успеат да го ангажираат него, тогаш ќе тргнат по потписот на Милосављев.