Мешков Брест го суреди Кил, тесна победа за ППД Загреб

Мешков Брест триумфираше против Кил со 33-30 во меч, кој немаше преголема важност за екипите, зашто белорускиот тим нема шанси за осминафинале, а од друга страна Германците се веќе пласирани во четвртфинале на Лигата на шампиони.

Белорускиот тим одигра одличен втор дел од првото полувреме, па со три гола предност (16-13) замина на пауза, додека во вториот дел Кил направи и пресврт (19-17), но сепак Мешков Брест на крајот славеше со 33-30.

ППД Загреб и Алборг водеа голема битка од првата минута на мечот, па на полувреме хрватскиот тим имаше водство од 16-15, по што беше забележан драматичен финиш во второто полувреме, по кое Загреб славеше со 31-30.