Манасков постигна два гола, Веспрем го „тресна“ Спортинг

Веспрем, за кој настапува македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, одигра одличен меч против Спортинг и славеше со 30-28 во првиот осминафинален меч од Лигата на шампиони.

Спортинг го отвори мечот со серија од 3-0, по што следуваше израмнување од страна на Веспрем (6-6), а во следната акција унгарскиот тим направи целосен пресврт (7-6). Сепак, домаќините за нијанса беа подобри во продолжение, па заминаа со 15-14 на полувреме.

Во второто полувреме Веспрем по неколку минути го израмни резултатот на 17-17, но потоа Спортинг поведе со три гола (20-17) и ја одржуваше предноста до последните 10 минути на мечот. Токму тогаш Веспрем направи пресврт, па стиган до водство од 29-27, а на крајот славеше до 30-28.

Манасков имаше солиден меч за Веспрем, па постигна два гола од четири удари кон противничкиот гол.