Манасков постигна два гола против Пик Сегед, Веспрем го освои Купот!

Веспрем славеше во дербито против Пик Сегед со 28-26 во финалето на унгарскиот Куп, а дел од триумфот беше и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков.

Пик Сегед играше одлично во првото полувреме и имаше водство од 11-10 во завршницата од првото полувреме, но потоа Веспрем со неколку голови по ред направи пресврт и замина на пауза со 14-12.

Во вториот дел Веспрем избега на +3 (17-14), а предноста ја одржуваше во текот на целото полувреме и не му дозволи на Пик Сегед да направи пресврт (28-26).

Македонскиот ракометар постигна два гола во мрежата на Пик Сегед, а најефикасен играч на мечот беше Јахја со шест погодоци.