Манасков нема да настапи против Нант и Лазаров во ЛШ

Нант вечерва од 20.45 часот ќе го игра првиот меч против Веспрем од четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), а на него ќе настапи и македонскиот селектор и ракометар Кире Лазаров, додека нашиот репрезентативец Дејан Манасков ќе ја пропушти пресметката.

Манасков е повреден и не успеа да се рехабилитира доволно брзо за да му помогне на унгарскиот гигант во битката за трофејот во ЛШ, а засега не е познато ниту дали ќе игра во реваншот кој е закажан за една недела подоцна.

Манасков е еден од најдобрите ракометари на Веспрем сезонава, па нема сомнеж дека унгарскиот тим ќе биде ослабен во вечерашниот меч.