Манасков блесна и постигна седум гола за убедлив триумф на Веспрем

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков продолжува со одличните настапи за Веспрем, па денеска му помогна со седум голови во победата од 35-23 против Будакалаш.

Манасков имаше неверојатен меч за унгарскиот гигант, па заврши како втор стрелец на мечот, а неговите погодоци му помогнаа на Веспрем да го запише 17. триумф сезонава во 17 меча во домашниот шампионат.

Пик Сегед и Веспрем го делат првото место на табелата, но екипата на Манасков има одиграно и еден меч помалку, па постои голема шанса со победа во следното коло да го преземат врвот.