Македонскиот првак ќе има директно место во ЛШ за следната сезона!

Македонскиот првак од оваа сезона ќе има директно место во Лигата на шампионите за следната сезона, без оглед што сезонава немаме претставник во елитата после суспензијата на Вардар.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска ги објави ранкинзите за следната сезона 2023/24 после состанокот на Извршниот комитет, а во калкулацијата за секое европско натпреварување поединечно се земени сезоните 2019/20, 2020/21 и 2021/22.

Македонија е рангирана на осмото место со коефициент 80.00 што ни носи диоректно место меѓу 16-те во најелитното друштво, а покрај клуб во ЛШ, Македонија ќе има уште три претставници.

За Лига Европа сме рангирани на 11-та позиција со коефициент 39,67 со што губиме едно место, ама ќе имаме еден претставник во групната фаза и еден во квалификациите, додека за Европскиот куп сме на 37-то место бидејќи немавме претставници во него во последните три сезони, но ќе има шанса за пријава на еден клуб.