Магичното додавање на Стоилов до Дибиров го фрли во транс коментаторот на ЕХФ (ВИДЕО)

Вардар го „размонтира“ Загреб во „Арена“ во првиот од двата натпревари во рамки на осмианфиналето од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ играа како во транс, а мечот го одбележа и магичната асистенција на Стојанче Стоилов.

Капитенот на Вардар ја изведуваше топката од девет метри, но ја изненади целата противничка одбрана, успевајки да упати „топка со очи“ до Тимур Дибиров, кој изнуди пенал, а целата ситуација во шок и неверување ја проследи коментаторот на ЕХФ.