Магдебург подобар од Штутгарт, по два гола постигнаа Кузмановски и Пешевски

Магдебург успеа да слави на гостувањето кај Штутгарт со 29-27, во пресметка во која учествуваа и македонските ракометари Филип Кузмановски и Жарко Пешевски.

И двајцата македонски ракометари постигнаа по два гола, но на крајот поуспешна беше екипата на Кузмановски, која се приклучи во борбата за место во Лигата на шампиони.

Немаше среќа ниту тимот на Мартин Томовски, кој загуби од Лајпциг со 27-32, па Лудвигсхафен го очекува тешка битка за опстанок во Бундеслигата.