Магдебург и Кузмановски слават голем триумф: Лазаров најефиксен во поразот на Нант

Македонските репрезентативци Кире Лазаров и Филип Кузмановски водеа војна во групната фаза од ЕХФ-купот, а на крајот како победник излезе екипата на помладиот ракометар, Магдебург кој славеше против Нант со 31-28.

Магдебург одигра страшно прво полувреме, кое го доби со 15-9, по што Нант не успеа да се врати и да излезе како победник, иако Лазаров постигна шест погодоци за неговиот тим, додека Кузмановски даде три гола.

Магдебург е прв на табелата со шест бодови, Нант има четири, Горење два и Адемар е без освоен бод.