Луда одбрана и гол во последна секунда - Порто германски го реши Кил! (ВИДЕО)

Порто успеа да го шокира Кил сред Германија со 28-27 во Лигата на шампиони, а во самиот финиш на мечот се случуваше вистинско лудило на „жешкиот“ терен.

Најпрво Кил имаше можност да погоди за 28-27, но голманот на Порто некако магично успеа да ја фати топката, иако цела публика веќе ја виде во неговата мрежа.

Португалците потоа тргнаа во напад, а буквално со звукот на сирената Руи Силва го постигна победничкиот гол за Порто.