„Лесно е да се работи со овие момци, гладни сме за нови успеси!“

Црногорската бајка на Европското првенство (ЕП) продолжи со триумф против големиот фаворит Хрватска со 32-26, па така избраниците на селекторот Зоран Рогановиќ ја почнаа втората фаза од натпреварувањето на најдобар можен начин.

Рогановиќ по натпреварот кажа дека се среќни поради победата против „каубоите“ и кажа дека се гладни за нови успеси.

„Лесно е да се работи со овие момци, сè што ќе смислиме, на крајот е реализирано. Ќе останеме скромни. Сега сите околу нас се свесни за нашиот потенцијал и за тоа дека сме гладни за нови успеси. Имавме проблеми на почетокот на второто полувреме со нивната зона 5-1, па се обидовме да им одговориме и да ги вратиме на 6-0. Сите веруваме во една идеја и поради тоа ни е лесно“, кажа Рогановиќ.