Лазаров трипати ја тресеше мрежата на Сент Рафаел во триумфот на Нант

Нант во третото коло од француското првенство славеше против Сент Рафаел со 28-22, па така ја запишаа втората победа во лигата, додека македонскиот репрезентативец Кире Лазаров постигна три гола.

Сент Рафаел се бореше храбро во првото полувреме, па успеа да замине на пауза со 13-13, но во вторите 30 минути Нант го зголеми притисокот и ги постави конечните 28-22.

Најдобар во победничкиот тим беше Турна со шест погодоци, додека Лазаров трипати ја затресе противничката мрежа.