Лазаров со два гола му помогна на Нант во тешкиот триумф над Екс

Македонскиот ракометар Кире Лазаров постигна два погодоци во тешкиот триумф на Нант против Екс од 25-24 во француската лига.

Нант не се прослави на денешниот меч против незгодниот Екс, кој на полувреме имаше предност од три гола (13-10).

Сепак, екипата на Лазаров успеа да го сврти мечот во своја корист и во последните моменти да ја забележи четвртата победа по ред во францускиот шампионат.

Нант по 12 одиграни кола се наоѓа на третото место со 18 бодови, односно девет победи и три порази.