Лазаров повторно беше фантастичен, Нант го „нокаутираше“ Целје

Нант успеа да стигне до голема победа на домашен терен и тоа против Целје со 38-27 во рамки на петтото коло од Лигата на шампиони.

Екипата на нашиот капитен Кире Лазаров одлично го почна дуелот, па веднаш стигнаа до посериозно водство од четири погодоци (6-2), кое го одржуваа до крајот на првите 30 минути.

Во второто полувреме Нант тргна уште подобро, па веднаш стигна до десет голови разлика (25-15) и истата предност ја одржуваше до самиот финиш, кога успеа да зголеми и на максимални 11 голови предност, што на крајот се покажа и како конечен резултат (38-27).

Лазаров повторно беше фантастичен за својата екипа и постигна седум погодоци.