Лазаров остана без погодок, Нант го растури Данкерк

Нант ја продолжи победничката серија во француското првенство и славеше против Данкерк со високи 34-15, а македонскиот капитен Кире Лазаров не успеа да погоди ниту еднаш.

Екипата на Лазаров имаше страшно прво полувреме, кое успеа да го добие со 16-3, по што продолжија со доминацијата во вториот дел и ги поставија конечните 34-15.

Лазаров имаше четири удари кон голот на противниците, но едноставно не успеа да ја затресе нивната мрежа.