Лазаров го објави поширокиот список со ракометари за ЕП 2022 (ФОТО)

Македонската ракометна репрезентација на почеток на следната година ќе настапи на Европското првенство (ЕП) во Унгарија и Словачка, а селекторот Кире Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за големото натпреварување.

Лазаров соопшти листа со 35 ракометари од кои еден дел ќе се најдат и во потесниот список на играчи кои ќе настапат за Македонија на ЕП во јануари следната година.

Македонија на ЕП се наоѓа во група со Словенија, Црна Гора и Данска, а натпреварите ќе ги игра во Дебрецин.