Кузмановски одигра одличен меч - постигна три гола во победата на Магдебург

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски имаше уште еден одличен меч за неговиот Магдебург во победата од 31-20.

Кузмановски одигра одлично и денеска, па мечот го заврши со три постигнати голови, како и неколку асистенции.

Македонскиот ракометар беше дел од екипата и во вчерашната победа од 30-25, но постигна само еден гол.