Кумановки го добија првиот дуел од двомечот со Славија Прага во ЕХФ Купот

Ракометарките на Куманово славеа победа од 27-23 против Славија Прага во рамки на првиот натпревар од првото квалификациско коло во ЕХФ Купот. 

На полувремето резултатот гласеше 15-11, а оваа предност од четири голови избраничките на тренерот Симе Симовска ја одржаа и во вториот дел. 

Интернационалката од Грузија, Мадеа Чокели беше најдобра во редовите на нашиот тим и постигна десет голови од 11 удари, а одлична беше и Ангела Јанкуловска со девет голови. Адријана Мисова со седум голови беше најефикасна кај гостинките од Чешка. 

Вториот натпревар помеѓу Куманово и Славија Прага се игра веќе утре од 18.30 и тоа повторно во Куманово.