Комити ечеа и после поразот за да им дадат поддршка на вардарци (ВИДЕО)

Македонскиот ракометен првак Вардар го загуби ракометното дерби во Лигата на шампионите против Барселона, вечерва во пеколот во „Јане Сандански“ со 26-30, но најверните навивачи на црвено-црните и покрај болниот пораз ја покажаа сета своја љубов кон клубот по завршување на мечот.

Кога вардарци дојдоа да им отпоздрават на трибината на најверните, Комити згрмеа: „И да изгубите, нема да ве оставиме...“, па буквално салата во „Јане Сандански“ се тресеше и ечеше од комитската песна.