Вардар предизвика бурна ноќ, барем во медиумите, но од утрово сѐ е нормално во „Јане Сандански“. Тренингот си течеше како ништо да не било, само што сега диригентската палка ја држеше Едуард Кокшаров.

На досегашниот спортски директор не му беше тешко да почне да го води тренингот, со оглед дека долго време е во Скопје, а пет од ракометарите и онака работат со него во руската репрезентација. И самиот изјави дека за неколку дена нема што да се смени, само екипата мора да се фокусира на натпреварот со Веспрем. Тој е закажан за сабота во 17.30 часот.

Давид Писонеро, пак, си остана во салата, сега како помошник на првиот тренер. Како ќе функционира тоа во иднина - ќе видиме - и дали/кога смената ќе донесе резултати исто така останува да покаже времето.