Кјелце се погрижи четвртото место да е уште потешко за Вардар!

Со победата над Мотор Запорожје, екипата на Кјелце ги намали надежите на Вардар кога е во прашање четвртото место во групата Б од Лигата на шампионите.

Со вечерашната победа на гостувањето во Украина со 33-26, полскиот тим сега има 16 бода, пет повеќе од Вардар, па на македонскиот шампион му преостанува само надежта дека можеби ќе го стигне Монпелје. За да остане тоа во игра, неопходна е победа в сабота (16ч.) на гости кај Порто.

Португалскиот првак е директен конкурент на Вардар и во тоа сценарио за четвртата позиција, но и за петтата. Со евентуален триумф, петтата ќе биде загарантирана, бидејќи во таков случа вардарциј би имале 13 бода, три повеќе од португалскиот шампион. Тогаш ќе остане да навиваме за Веспрем во дуелот со Монпелје, а потоа во последното коло, во Скопје, да бараме победа над Французите. Во моментов Монпелје има 15 бода, а Вардар 11.

Што се однесува до денешниот меч, најефикасен во победничкиот тим беше Каралек со седум погодоци, еден помалку постигна Душебаев, додека на спротивната страна пет запиша Козакевич.