Кјелце го претстави Карачиќ: Подготвен сум за нов предизвик! (ВИДЕО)

Виве Кјелце денеска официјално го претстави Игор Карачиќ како нивни нов ракометар. Хрватот по седум години го напушти европскиот шампион Вардар и сега потпиша тригодишен договор со полскиот шампион.

Хрватот во Кјелце ќе го носи дресот со број пет, кој досега му припаѓање на Михаил Јурецки, а претседателот на полскиот тим, Бертус Сервас се пошегува на сметка на Карачиќ.

„Никогаш не ми се допаѓаше Игор, зашто секогаш победуваше. Сепак, се надевам дека надевам дека сега ќе победува и со нас“, се пошегува претседателот.

Карачиќ му се заблагодари на Сергеј Самсоненко и на соиграчите за поминатото време во македонскиот и европски шампион.

„Поминав седум прекрасни години во Скопје. Му благодарам на претседателот Самсоненко и на соиграчите. Исто му благодарам на претседателот Сервес и мојот менаџер за трансферот во Кјелце. Почнувам ново поглавје во мојата кариера. Среќен сум и сакам да освојам многу трофеи со Кјелце“, вели Карачиќ.