Кил го реши Целје и скокна до трето место во групата Б од ЛШ

Кил славеше без премногу проблеми против Целје со 33-29 и така се искачи на третата позиција во групата Б од Лигата на шампиони (ЛШ).

Германскиот гигант имаше водство во текот на речиси цело прво полувреме од четири-пет голови, додека на полувреме Кил замина со 19-15.

Во вториот дел Целје намали на два разлика (18-20), но Кил повторно се врати на предност од четири погодоци и без проблеми ја одржа предноста до крајот (33-29).

Екберг и Јакобсен постигнаа по пет голови за екипата на Кил.