Карачиќ го предводеше Кјелце до бод кај Порто

Виве Кјелце одигра реми (32-32) на гостувањето кај Порто во шестото коло од ракометната Лига на шампиони.

Кјелце имаше одличен старт на натпреварот, откако изгради предност од четири голови (6-2), а на средина од полувремето Порто успеа да израмни на 10-10, по што го сврте резултатот во своја корист и на пауза замина со 19-17.

Португалскиот тим ја одржуваше предноста до самиот финиш од натпреварот, кога Виве Кјелце влезе во серија и постигна четири гола по ред за предност од 29-28. До крајот се водеше голема борба, а

Најдобар во екипата на Кјелце беше поранешниот вардарец Игор Карачиќ со пет постигнати гола, додека кај Порто најефикасен беше Мартин Соареш со седум погодоци. На мечот не настапи македонскиот голман Никола Митревски.

Кјелце е на врвот во групата А со девет бодови по шест одиграни меча, по што следи Фленсбург со осум бодови, а трет е Порот со шест бодови.