Јоновски доби уште поважна улога во Ратинген! (ФОТО)

Германските медиуми пишуваат дека македонскиот репрезентативец Аце Јоновски доби нова улога во Ратинен, па сега ќе има поголеми тренерски обврски и ќе му помага на стратегот Калид Кан.

Менаџерот на клубот Бастијан Шлиркемп го пофали Јоновски и кажа дека тој е фантастичен спортист, па објасни дека и досега македонскиот репрезентативец им помагал во екипата.

„Јоновски е одличен спортист, па сега ќе добие уште поважна улога во нашата екипа. Јоновски од пристигнувањето во клубот е важен дел на тимот, па ни помагаше постојано во екипата“, кажа Шлиркамп.