Изненадувачки: Македонија првпат во историјата игра во – црни дресови (ФОТО)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва, против Шведска (20.30 часот) го игра првиот меч на Светското првенство (СП) во Египет, каде што се најдовме во последен момент по откажувањето на Чешка, меч во кој се појавивме во невообичаена комбинација на црни дресови.

Ова е првпат во историјата една ракометна селекција да игра во опрема во црна боја, наместо традиционалните во минатото во црвена, жолта и бела боја. Најверојатно ова е и прва македонска селекција во било кој колективен спорт во последните три децении што играла во ваква комбинации бои на дресовите.

Останува да се види дали ваквото „изненадување“ ќе им донесе среќа на избраниците на селекторот Данило Брестовац, во пресметката со фаворитот за првото место во нашата група во која уште се и домаќинот Египет и Чиле.