Охрид тргнува по европскиот трофеј, Татабања му стои на патот!
„Гладијаторите“ се изборија за историско финале со победата над Целје по изведување на пенали, со што ја потврдија одличната статистика пред денешниот дуел – девет победи и еден пораз на патот до големото финале.
Татабања, од друга страна, славеше на седум натпревари, при што запиша едно реми и два порази, а во полуфиналето го елиминира Извиѓач.
Ова е втора сезона во која македонски тим игра во финале на Европскиот куп на ЕХФ, откако минатата Алкалоид успеа да го освои трофејот.
Охрид влегува во пресметката со Татабања со најдобрата одбрана, која прима по 21,8 голови по натпревар, додека унгарскиот тим во просек прима 31,4 голови, но двете екипи имаат идентичен напад, односно Татабања постигнува по 33,7 погодоци, а „гладијаторите“ по 33,2 гоови по меч.
Најдобар стрелец на Татабања е левиот бек Бенедек Елеш со 38 голови, додека тимот на Охрид го предводи Анте Иванковиќ со 42 погодоци.
Натпреварот меѓу Татабања и Охрид се игра денеска од 17 часот, додека реваншот е закажан за 31 мај од 20 часот во салата „Билјанини Извори“.
Фото: ГРК Охрид - GRK Ohrid