Историја: Екс-вардарката Радичевиќ стана најдобар стрелец во ЛШ!

Поранешната ракометарка на Вардар, Јованка Радичевиќ во дуелот против Оденсе (23-29) постигна четири гола за Крим од Љубљана и притоа стана најдобар стрелец во историјата на женската Лига на шампиони (ЛШ).

Црногорката со нејзините четири гола против Оденсе стигна до бројката од 1.017 голоиви, па така ја мина легендарната Анита Гербиц на вечната листа.

Радичевиќ го носеше дресот на Вардар од 2013 до 2018 година, по што замина во Букурешт, а уште играше за Крим, Ѓер, Будуќност и други екипи.