Пред четири месеци не се знаеше дали Вардар ќе постои! Четвртфиналето со Пик Сегед беше еден од најемотивните настани што го видела арената со кратка историја, но излезе дека збогувањето било само „за секој случај“. Нов септември, нова сезона - старата песна! Иако трибините не беа исполнети, повторно грмна „Вардаре шампионе, шампионе“, по триумфот над Порто (32-27). Многу навивачи во светот им викаат така на своите миленици, но вардаровите се меѓу малкуте, кои навистина им се обраќаат на шампиони.