И Кјелце доби црвен: Душебаев без милост удри на свој поранешен соиграч! (ВИДЕО)

Зоврива ситуацијата во „Хала легионов“ во Кјелце, бидејќи односот на силите сега е изедначен. Откако Вуко Борозан беше исклучен во првото полувреме, во второто и КЈелце остана без важен играч.

Алекс Душебаев беше директно исклучен во 34. минута, по еден дуел со Данил Шишкарев. Поранешниот вардарец напаѓаше, Шишкарев беше остар во стартот, па Душебаев падна. Шишкарев, веројатно, бездруго ќе добиеше две минути, но Душебаев си ја искомплицира ситуацијата затоа што кога стана го турна својот поранешен соиграч предизвикувајќи физички дуел.

Литванските судии немаа толеранција и веднаш му покажаа црвен картон, а Шишкарев доби две минути исклучување за остриот старт.