И ЕХФ рече „стоп“: Се откажува и натпреварот Вардар - Пик Сегед!

Иако вчера проструија други информации и тоа во официјален облик, со допис до клубовите, Европската ракометна федерација (ЕХФ), сепак, го смени мислењето и прогласи натпреварувачки мораториум.

Прес-конференцијата која требаше да го најави натпреварот со Нексе, в недела се претвори во платформа за известување за новите мерки на ЕХФ и на СЕХА. Покрај тоа што е откажан натпреварот со хрватскиот вицепрвак, од регионалното четврт-финале, Вардар во последен момент добил известување и од ЛШ.

„Само што стигна инфо дека натпреварот со Нексе е откажан. Пристигна и од ЕХФ и нивинте натпревар се откажани. Подетални информации немаме да кажеме, само може да ги почитуваме насоките од владата, од другите тела“, рече Давор Стојаноски, извршниот директор на клубот.

Вардар се обратил до СЕХА со официјално барање за да биде одложен натпреварот со Нексе, а за ЛШ имало и поорганизирана иницијатива.

„Сите клубови учесници во осминафиналето се ставивме на заедничка конференција и се договоривме, ако ЕХФ не го прекине натпреварувањето, ние сите заедно да побараме одложување, зашто безбедноста и здравјето се поважни од се“, доадде Стојаноски.

Вардар требаше да игра против Пик Сегед на 22 март, во првиот меч од осминафиналето во ЛШ, а со Нексе, в недела ќе беше реванш, откако на првиот дуел Вардар победи со 31-30.