Хановер ќе игра без Угалде и Атман против Еурофарм Работник

Еурофарм Работник денеска од 19.30 часот ќе гостува во арената „Свислајф Хол“ кај Хановер во групната фаза на ЕХФ-купот, а германската екипа доби лоши вести пред денешниот меч.

Хановер нема да може да смета на најголемите ѕвезди Угалде и Атман, па тоа е дополнителен мотив за битолскиот тим да оствари што е можно подобар резултат, иако и тие ќе бидат ослабени бидејќи Пецаковски и Мемиќ нема да настапат.

Еурофарм е ептен мотивиран пред вечерашниот натпревар, па битолската публика се надева на успех на нивниот тим. Да потсетиме, мечот почнува од 19.30 часот.