Гурбиндо: Во Вардар не го пронајдов проектот за кој ми зборуваа пред да дојдам!

Шпанскиот ракометар Едуардо Гурбиндо се очекуваше да биде големо засилување за Вардар, но за кратко време се скара со раководството на тимот и реши да го напушти македонскиот првак.

Гурбиндо побара трансфер во Динамо Букурешт, а притоа за шпанските медиуми откри што се случило во Скопје.

„Уште не е 100 отсто сигурен трансферот поради некои документи за прекин на соработката, но сите детали се договорени и јас се селам во Букурешт. Тоа што го видов во Скопје не е истото за кое ми зборуваа. Проектот кој ми беше претставен не го пронајдов во Вардар“, вели Гурбиндо.