Голот од „мртов агол“ на Шилегов избран во топ 5 во Европската лига (ВИДЕО)

Металург со реми против Адемар Леон (27-27) се збогуваше од Европската лига, но причина за задоволство има Мице Шилегов, чиј погодок беше избран во топ 5 на колото.

Шилегов успеа да го измами голманот на Адемар Леон, па неговиот погодок се најде на третото место во изборот на ЕХФ.