Го водеше Вардар до победнички старт, па се најде во тимот на колото во ЛШ (ВИДЕО)

Европскиот шампион Вардар тргна победнички во одбраната на шампионската круна освоена во Келн во јуни годинава, на истото место каде што пред 12 месеци ја почна авантурата за вториот трофеј во Лигата на шампионите – во Монпелје. И после триумфот со 33-31, средниот бек Сташ Скубе се најде во најдобриот тим во воведното коло во ракометната елита во изборот на „ЕХФ ТВ“.

Словенечкиот ракометар беше моторот на црвено-црните на гостувањето во Франција, постигна седум гола, меѓу кои и клучен во завршницата кога се кршеше резултатот, а макеоднската гордост исчекори кон победничкиот старт. Скубе со својот настап си заслужи место во најдобрата седумка.

Во нема место има и за „крвникот“ на Еурофарм Работник, Валентин Јоанеа, романското десно крило, кој на битолчани им даде десет гола во триумфот на Спортинг Лисабон со 30-29 на дебито на макеоднскиот вицепрвак во ракометната елита.

ГОЛМАН: Андреас Волф (Кјелце)

ЛЕВО КРИЛО: Диего Бранкињо (Порто)

ЛЕВ БЕК: Никола Билик (Кил)

СРЕДЕН БЕК: Сташ Скубе (ВАРДАР)

ДЕСЕН БЕК: Мадс Кристијансен (Алборг)

ДЕСНО КРИЛО: Валентин Јоанеа (Спортинг Лисабон)

ПИКЕР: Лудовик Фабрегас (Барселона)

Видеото од изборот на „ЕХФ ТВ“ за најдобриот тим за првото коло во ЛШ може да го погледнете ТУКА.