Главоболки за Раул: Заврши сезоната за Никола Карабатиќ?

ПСЖ објави дека Никола Карабатиќ има повреда на коленото и ќе мора да оди на операција. Францускиот репрезентативец ги повредил вкрстените лигаменти, па се чини дека ќе биде надвор од теренот до крајот на сезоната. 

Од таборот на парижаните не шпекулираат колку долго ќе биде надвор од терените, но јасно е дека по една ваква повреда и операција, спортистите вообичаено паузираат од шест до осум месеци.

Повредата на Карабатиќ сигурно е лоша вест за тренерот Раул Гонзалес, бидејќи тимот и онака стартуваше слабо во Лигата на шампиони сезонава. По три натпревари има два порази и само една победа против Елверум на домашен терен.