Ѓер прв го користи распадот на Вардар: Лејно заминува во Унгарија!

Актуелната голманка на Вардар, Амандин Лејно од следната сезона ќе го брани голот на екипата на Ѓер.

Французинката потпишала едногодишен договор со унгарскиот гигант со можност соработката да биде продолжена на уште една сезона.

„Овој клуб ми значи многу, бидејќи е најдобриот клуб во историјата на ракометот. Секој играч сака да има вакви соиграчи. Ова е голема шанса за мене и многу сум среќна што ќе бидам дел од Ѓер“, изјави Лејно на промоцијата.

За Лејно ова ќе биде трет странски клуб надвор од Франција по романска Влчеа и Вардар. Ѓер денеска освен Лејно ги промовираше и Норвежанките Вероника Кристијансен и Кари Братсет.