Германија ја прегази Австрија, Словенија само до реми со Холандија

Во квалификациите за Европското ракометно првенство идната година денеска на програмата беа пет натпревари. Германија по втор пат ја декласираше Австрија и останува со максимален ефект по четири натпревари во Групата 2. 

Откако славеше на гости со девет голови разлика, денеска на свој терен Германија го совлада соседот со 34-20.  Во истата конкуренција БиХ ја победи Естонија со 21-19.

Словенија изненадувачки не успеа да ја совлада Холандија на домашен терен и одигра реми 27-27 во рамки на Групата 5. Исланд со 32-23 ја совлада Португалија во рамки на Групата 4. Летонија со 31-29 триумфираше против Италија во Групата 6.