Фан-зона за навивачите на Охрид пред историското финале во Татабања (ФОТО)

Македонскиот ракометен клуб Охрид денеска го игра првиот натпревар против Татабања во финалето на Европскиот куп на ЕХФ.

„Гладијаторите“ ќе добијат поддршка и од трибините, односно се очекува да пристигне македонска публика, а Охрид ги информира фановите дека ќе има фан-зоона пред салата.

Фан-зоната ќе биде во склоп на спортската сала во Татабања со почеток од 14 часот, додека натпреварот меѓу тимовите е закажан за 17 часот.

Фото: Facebook/ГРК Охрид - GRK Ohrid