Европскиот првак безмилосен: Црногорците прегазени од германската машина

Актуелниот европски шампион Германија безмилосно ја прегазија Црна Гора со 32-19 во првиот меч од нашата група, во кој Црногорците немаа ама баш никакви шанси на денешниот меч на Европското ракометно првенство во Хрватска.

Само во воведните десетина минути Црна Гора беше во некаков егал со Германија (3-5), по што следуваше фуриозната серија од 8-0 на европскиот првак, со кој практично тие си ја обезбедија победата. Стигнаа до предност од 13-3 на девет минути пред крајот на полувремето, за да ја демонстрираат сета моќ на стартот на ЕП. Во вториот дел Црна Гора прво се најде и на минус 12 (24-12), а во последните десетина минути од мечот имаше и минус 14 (28-14), за на крај да победат со 13 гола разлика (32-19).

Предводени од Уве Генсхајмер, кој имаше само едно промашување и постигна девет гола, Германија го растури црногорскиот состав, Пол Друкс даде пет гола со стоотстотен ефект, а по три погодоци запишаа Вајнхолд, Кун, Колбахер и Вебер. Голманот Андреас Волф со 46 отсто одбрани (12 вкупно) имаше огромен придонес во победата на својата репрезентација.

Кај Црна Гора најефикасен беше Владан Липовина со седум погодоци, а Милош Божовиќ даде четири