ЕХФ потврди: Грција ќе ја пречека Македонија на 100 км од Битола!

Европската ракометна федерација соопшти дека дуелот помеѓу Грција и Македонија ќе се игра во Кожани на 28. октомври.

Оваа информација е одлична за македонските навивачи бидејќи градот е одалечен 100 км од Битола, а салата има капацитет од 5.000 седишта.

Нашата репрезентација во квалификациите е во група со Грција, Турција и Исланд, а две репрезентации директно се пласираат понатаму, како и четири од вкупно осум од третопласираните.

Првиот натпревар Македонија го игра против Турција на домашен терен, а наскоро ќе дознаеме дали истиот ќе се игра во Скопје или во Битола.