ЕХФ номинираше ракометари за олстар-тимот во ЛШ – дури петмина се од Вардар!

Навивачите преку Европската куќа на ракометот (ЕХФ) ќе може да ги изберат најголемите ѕвезди за сезонава во Лигата на шампиони.

Играчите и тренери од 16 клубови и 15 националности во сезонава беа номинирани од страна на ЕХФ, а вие може да гласате тука.

Гласањето почнува на 22. мај 2018. година (полноќ), а навивачите кои ќе учествуваат во гласањето може да добијат интересни награди, како официјална ракометарска топка, потпишан дрес од еден од тимовите.

Европскиот шампион Вардар има шест претставници, поточно Раул Гонзалес како тренер, а исто така, номинирани се Вуко Борозан како лев бек, Лука Циндриќ како среден бек, Тимур Дибиров како лево крило, Илија Абутовиќ како најдобар дефанзивец, како и Арпад Штербик како голман.

Исто така, меѓу номинираните ракометари се наоѓа играчот на Металург, Халил Јагањац, кој е предложен за најдобар млад ракометар во Лигата на шампиони. Додека сите номинирани ракометар може да ги погледнете тука.