ЕХФ му се поклони на Сташ Скубе! (ВИДЕО)

Европскиот шампион Вардар одигра тежок меч против Кјелце, но сепак на крајот извлече реми (28-28), а ЕХФ по мечот му се поклони на Сташ Скубе, кој одигра одличен меч.

Скубе постигна седум гола за Вардар, а два од нив ги издвои ЕХФ, зашто начинот на кој ги постигна беше навистина неверојатен. Тој дури двапати успеа да ги прелаже противниците со неговите финти, а потоа без проблем ја затресе мрежата.