ЕХФ: Ќе го победи ли некој Вардар?

Вардар сезонава ја брани европската круна на вистински начин, со шест победи и само едно реми во групата А во Лигата на шампиони. 

Европската ракометна федерација направи анализа на досега одиграните натпревари во елитата и го потенцираше Вардар како главен кандидат за директен пласман во четвртфиналето и тимот кој секој сака да го победи, но засега на никој не му успеа. Од ЕХФ предвидуваат дека вистински тест за европскиот првак ќе биде следното коло, кога се среќава со германскиот првак Рајн-Некар Левен во Скопје.

Една од главните пречки за противниците оваа сезона е неверојатниот голман Арпад Штербик, па од ЕХФ велат, дека ако сакате да го победите Вардар ќе мора прво да минете преку Штербик.

Целосната анализа на ЕХФ можете да ја прочитата ТУКА.