ЕХФ го величи Македонецот: Сѐ изгледа едноставно кога бомбардира Лазаров (ВИДЕО)

Екипата на Нант има водство од четири голови по првото полувреме од воведниот четвртфинален меч од Лигата на шампионите (ЛШ) против Веспрем (16-12), за што меѓу најзаслужните е нашиот Кирил Лазаров.

Македонскиот селектор и капитен ја одигра втората половина од воведните 30 минути и веднаш направи разлика, односно влијаеше неговиот тим од минус три (7-10) да замине на одмор со повеќе од солидна предност,  која на стартот од вториот дел беше зголемена и на плус седум (19-12).

„Кирил Лазаров прави работите на теренот да изгледаа толку едноставно“, напишаа луѓето од ЕХФ со видео од третиот погодок на македонската легенда.