ЕХФ ги одреди термините за дуелите меѓу Вардар и ПИК Сегед

Вардар во осминафиналето на Лигата на шампиони ќе се пресмета против ПИК Сегед, а како што беше објавено на сајтот на европскиот шампион, ЕХФ ги одреди термините и саатниците за осминафиналните пресметки.

„Црвено-црните“ најпрво ќе бидат домаќин во Скопје, односно во СЦ „Јане Сандански“ на 22 март во 17 часот, додека реваншот ќе се одигра една недела подоцна (29 март) во Унгарија со почеток од 17 часот.

Вардар добро го познава унгарскиот тим, откако лани успеа да го совлада во првиот меч со 31-23, по што во реваншот беше поразен со 25-29.