Е. Пелистер двата дуели со Татабања ќе ги игра во Битола - ден порано од предвиденото

Еурофарм Пелистер во есенскиот дел од сезоната не одигра ниту еднаш против Татабања во рамки на Европската лига поради Ковид-19, па сега ќе игра два пати во два дена против унгарскиот тим и тоа во Битола. 

ЕХФ ги информираше двата тима за измена на термините на натпреварите, односно ќе се играат ден подоцна од претходно предвиденото. Првиот дуел е закажан за 10 февруари, додека на вториот „пелистерци“ само формално ќе бидат гости иако натпреварот повторно ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“ на 11 февруари.

Сезоната за битолчани ќе започне неколку дена претходно, односно на шест февруари, кога ќе ги одмерат силите со Загреб во рамки на СЕХА-лигата.