Е. Пелистер двапати ќе биде домаќин на Татабања

Еурофарм Пелистер не одигра ниту еден меч против Татабања во групата Д од Лига Европа поради проблемите со ковид-19, иако првиот натпревар меѓу овие тимови требаше да се одигра уште на 20 октомври.

Е. Пелистер се договори со унгарскиот тим да ги одигра двата меча од групата Д во Битола, а првиот на распоред треба да се одигра на 9 февруари од 20.45 часот, додека вториот е закажан за еден ден подоцна од 17.00 часот.

Тимот од Битола по пет одиграни меча во групата Д се наоѓа на петтата позиција со еден триумф, едно реми и три порази, додека Татабања е последна со четири порази.